„Танец“ играше за Трескавец


Прилепчани синоќа го проследија хуманитарниот концерт на „Танец“ и на гостите на вечерта Блага Петреска и Сузана Спасовска, наменет за обнова на опожарениот манастир Трескавец. Продадени беа сите влезници со колкав капацитет располага големата сала од Домот на културата „Марко Цепенков“.

Овој концерт и синоќешната претставата на Театарот Комедија во Скопје се првите културни настани од серијата планирани за помош на Трескавец.

Директорот на „Танец“ Зоран Џорлев изрази задоволство што први ги започнуваат хуманитарните акции за Трескавец.

– Мило ми е што „Танец“ и Театарот Комедија во Скопје први ги започнуваат хуманитарните акции. Ветуваме дека ќе има и многу груги концерти и сето го правиме за возобновувањето на нашиот манастир Трескавец. Многу сум среќен што има многу публика, се бараше влезница повеќе. Во меѓувреме ми се јавија многу од дијаспората кои сакаа на кој било начин да се вклучат во хуманоста, изјави Џорлев.


No comments:

Post a Comment