Ден потоа...

На 05 февруари 2013 г., стручен тим од конзерватори и архитекти на НУ Завод и Музеј Прилеп, направи увид за штетата од опожарувањето, при што беше констатирано дека целосно се опожарени северниот и западниот гостински и источниот монашки конак.


Благодарение на присебната интервенција на монахот Калист, од огнената стихија беа дислоцирани и спасени стари богослужбени книги, Распетието од 17 век и престолните и празничните икони од иконостасот, кои по конзервацијата привремено се наоѓаа во монашкиот конак.


Истиот ден, со одлука на Владата на РМ, доделена е еднократна интервентна парична помош во износ од 615.000 денари за санирање на првичните последици од пожарот.
Во градот Прилеп, во 11 часот, се одржаа вонредни седници, на економскиот совет и на советот на општина Прилеп, на кои, по покана, присуствуваа еромонахот Никодим и монахот Калист. Градските советници едногласно донесоа одлука за обнова на манастирот да бидат одделени почетни средства од буџетот на општината во износ од 1.000.000 денари.

2 comments:

  1. дали овие две се дел од спасените икони?

    ReplyDelete
    Replies
    1. Да, сите стари вредни икони се спасени, меѓу кои и овие две на фотографијава.

      Delete