Концерт и претстава за Трескавец


На 28 февруари и 1 март во Прилеп ќе се одржат хуманитарен концерт и театарска претстава за обновата на изгорените конаци на манастирот Трескавец

Во Домот на културата „Марко Цепенков“ вечер концерт ќе одржи прилепското музичко училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“. На концертот ќе настапат професори од основното музичко училиште со композиции од повеќе жанрови. Собраните средства од влезниците ќе бидат донирани за обнова на изгорените конаци на манастирот Трескавец.

Прилепскиот театар утревечер ќе ја изведе претставата „Многу врева за ништо“ од Шекспир во режија на Ива Милошевиќ. Средствата од влезниците се наменети за обновата на изгорените конаци на Трескавец.


Со овие активности Центарот за култура „Марко Цепенков“ како национална институција од културата се вклучува во акцијата на Министерството за култура и на Општина Прилеп „Да го обновиме Трескавец“.

No comments:

Post a Comment