Културата за Трескавец


Во рамки на акцијата „Културата во пресрет на манастирот Трескавец“, ќе бидат изведени низа театарски претстави со кои ќе биде помогната обновата на манастирот Трескавец. Уметниците ќе играат без надоместок а директорите на институциите ветија дека останува можноста и за натамошни хуманитарни изведби.

22. февруари: Театар Комедија со претставата „Женидба“ во режија на Дејан Пројковски
25. февруари: МНТ и Театар за деца и младинци со претставата „Декамерон“ во режија на Боњо Лунгов
26. февруари: Драмски театар со претставата „Грев или шприцер“ во режија на Деан Дамјановски
27. февруари: Театар од Велес со претставта „Ноќите во бел сатен“ во режија на Ненад Витанов
28. февруари: Народен театар од Битола со претставата „Хенри VI“, III дел во режија на Џон Блондел
1. март Театар Војдан Чернодрински од Прилеп со претставата „Многу врева за ништо“ во режија на Иво Милошевиќ

Обновата на манастирот со хуманитарен концерт ќе ја помогне и националниот ансабл Танец кои ќе се одржи на 22-ри февруари во центарот за култура Марко Цепенков во Прилеп. Гости на концертот ќе бидат познатите естрадни уметници Блага Петреска и Сузана Спасовска.

Средствата собрани од овие претстави и концерти ќе бидат уплатени на жиро-сметката на манастирот Трескавец, за неговата обнова.

No comments:

Post a Comment