Дваесет и пет од 100 регистрирани фризери во Прилеп, вчера во Центарот за култура „Марко Цепенков“ за само 100 денари ги нудеа своите фризерски и берберски услуги. Собраните средства од оваа хуманитарна акција организирана на иницијатива на здружението на фризери и бербери од градот, ќе бидат донирани за што побрзо обновување на манастирот Трескавец.
Со ова еснафот се вклучува во хуманитарната мисија за манастирот Трескавец што ја организираат Општина Прилеп и Регионалната занаетчиска комора.
No comments:
Post a Comment