РК Металург за Трескавец


Почитувани,

Ракометниот клуб Металург ве информира дека средствата собрани од натпреварот против Вардар ПРО, во рамките на СЕХА-лигата, ќе бидат донирани за возобновување на манастирот Трескавец, кој датира од XII век, а изгоре на 4 фебруари 2013 година. Со овој потег сакаме и ние, како спортски колектив, барем малку да придонесеме за враќање на сјајот на ова наша културно-историска знаменитост.

Ве покануваме да присуствувате на натпреварот. Влезниците се продаваат на касата во салата “Автокоманда“, по цена од 100 денари. Натпреварот се игра утре, со почеток во 17.45 часот.

Спортски поздрав

Ристо Чокрев

Ракометен клуб Металург

No comments:

Post a Comment