Министерството за транспорт и врски во јуни 2012 година објави оглас за доделување на договор за јавна набавка на работи за изградба на пат до манастирот Трескавец, општина Прилеп, во должина од 7,5 км кој ќе служи за поврзување на Манастирот Трескавец со останатата патна мрежа во општината и пошироко.
Почетокот на патот се наоѓа на околу 2 километри северозападно од Прилеп на стариот пат за Македонски Брод. Овој пат е пробиен со тампонски коловоз во првите 700 метри, за да продолжи во пат со земјен коловоз со несоодтвени технички елементи по трасата на патот. Првите 3,5 километри поминува низ рамничарско ридест терен, а потоа низ планински терен сè до самиот манастир, на која делница и е недостапен, освен за теренско возило.
Средствата потребни за реализација на овој проект се во висина од 83 милиони денари и истите се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.
Физичката реализација на проектот започна на празникот „Успение на Пресвета Богородица“ (28.08.2012 г.), кога беше поставен и камен-темелник, и се очекува истиот да биде пуштен во употреба на 28.08.2013 година.
No comments:
Post a Comment