На 21 март, во Центарот за култура „Марко Цепенков“, Драган Даутовски одржа целовечерен концерт кој беше наменет за обнова на манастирот Трескавец.
Центарот за култура „Марко Цепенков“ ја продолжува мисијата за помош на опожарениот манастир. Вечер од 19 часот е закажана аукција на слики, на која ќе бидат понудени дела од македонски автори. Меѓу авторите кои даруваат дела за манастирот се Кирил Гегоски, Илија Миноски, Христина Зафировска, Новица Трајковски, Валентина Стефановска, Гоце Трајковски, Ристо Мијаковски, Јасминка Новковска, Наталија Пулевска Радевска, Татјана Неданова.
Во прилепскиот Центар за култура утревечер ќе гостува комедијата од Скопје „Чекајќи го министерот“, од која приходот е, исто така, наменет за обнова на манастирот Трескавец.
No comments:
Post a Comment