Празникот „Младенци“ во Трескавец




Традиционално и оваа година во манастирот Трескавец беше чествуван споменот на Светите четириесет севастиски маченици – Младенци и Светите четириесет битолски преподобномаченици. Во четвртокот навечер беше отслужена вечерна богослужба, а денес, утрена и литургија на претходно осветени дарови. На литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По завршувањето на литургијата беше извршен водосвет и благословување на коливото. На крајот, сите присутни се закрепија со скромна празнична трпеза, подготвена во старата монашка магерница и трпезарија од овогодишните домаќини.

No comments:

Post a Comment