Се асфалтира патот до Трескавец


Интензивно се асфалтира патот до манастирот Трескавец, кој според најавите од локалната самоуправа од Прилеп, треба да биде завршен до 28 август, до празникот на манастирот Голема Богородица.

За доближување на манастирот со асфалт од осум - девет километри и за забрзување на реконструкцијата на опожарените конаци, државата ќе вложи два милиони евра. Патот ќе влијае и за развивање на манастирскиот туризам.

Инаку, Заводот и Музеј од Прилеп работи на проектот за реконструкција на конаците што изгореа пред пет месеци.

No comments:

Post a Comment