Акциски план за обнова

Министерството за култура на РМ, преку НУ Завод и Музеј Прилеп донесе акциски план за итна реконструкција на изгорените конаци, но и започнување на севкупна реконструкција и обнова на манастирскиот комплекс.


Проектот, покрај реконструкцијата на опожарените конаци од северозападното и источното крило, треба да опфати и конзерваторски работи на: манастирската црква Успение на Пресвета Богородица, средновековната монашка трпезарија и магерница, магерничкиот конак и влезната порта со камбанарија. Со овој план предвидена е изработка на проекти за урбанистичко и партерно уредување, водоснабдување, топловодно греење, како и противпожарна и громобранска заштита на комплексот.

1 comment:

  1. ме радуваат ваквите одлуки. се надевам дека овојпат навистина ќе се реализира она што многу одамна требаше да биде приоритет од прва категорија за заштитата на културното наследство. длабоко се надевам дека акцискиот план нема да остане само на хартија или делумно и со многу доцнење реализиран.

    ReplyDelete