Околу 200 прилепчани ја почнаа првата акција за расчистување на изгорените конаци во манастирскиот комплекс „Трескавец“. На педесеттината планинари од ЕПД „Картуш“ им се придружија околу 150 доброволци кои неуморно работат. Според Бранко Нешкоски од Координативното тело за обнова на манастирот, ова е прва од акциите кои ќе се одвиваат секоја недела. Се работи на расчистување на приземниот дел, под будното око на надлежните од Координативното тело кое се погрижи алатите за работа ЈКП „Комуналец“ да ги однесе до манастирот.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
восхитува и трогнува кога тагата и маката ќе се олицетворат во соборност, солидарност и љубов, мобилизирајќи ја и пресоздавајќи ја благоросната заедница... Трескавец е светилиште кое низ векови обединувало и помирувало... токму тоа и сега се случи - во миг кога на македонскиот народ му е потребно да се потсети на тоа дека треба да биде заедно, да се обедини, Трескавец, преку својата болка, ја испрати таа порака и стана симбол на обединувањето и на конструктивната заедница.
ReplyDelete