Работен состанок


На состанокот во Прилеп, на кој присуствуваше министерката за култура г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска , градоначалникот на општина Прилеп г-дин Марјан Ристески, Епископот хераклејски г. Климент и директорката на НУ Завод и Музеј – Прилеп Гордана Данилоска-Спироска и г-дин Бранко Нешкоски, беа конкретизирани чекорите за обнова на изгорените конаци.

„Прво ќе се расчистат изгорените ѕидови на конаците. Локалните власти заедно со МПЦ ќе ја организираат акцијата која е прв следен чекор. Прилепскиот завод и музеј за рекордно време го направи идејниот проект. На манастирот ќе му се обезбедат: армирано бетонска конструкција со дрвена обмотка за да се задржи автентичноста на конаците, систем за дојава на пожар, хидрантска противпожарна мрежа и каптажа и резервоар за собирање на водата. Потоа ќе се изготви основниот проект кој ќе оди на ревизија. Откако ќе помине и таа фаза, ќе се распише тендерот за изведувач на работите“, изјави Канческа-Милевска.


„Завршен е проетот за демонтирање на опожарените ѕидови на конаците. Тие мора да се срушат зашто се опасни. Тоа ќе го направиме веднаш штом дозволат временските прилики зашто во овој момент кај манастирот има снег. За ова локалната самоуправа од буџетот издвои еден милион денари“, изјави градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.

Епископот хераклејски Климент апелираше, сите сили, приоритетно да се насочат кон изградбата на патот и реализирање на проектот за водоснабдувањето во манастирот. „Без неопходната инфраструктура, која треба да биде обезбедена, процесот на реализација на обновувањето на Трескавец, сериозно би бил доведен во прашање.“

No comments:

Post a Comment