Во доменот на залагањата за обнова и ревитализација на манастирот и неговото функционирање согласно монашкото предание, братството на манастирот Трескавец изготви проектна програма за реконструкција на источниот монашки и северозападниот гостински конак. Проектната програма, главно, се однесува на внатрешната организација и функционална поделба на содржините што треба да бидат реконструирани во рамки на источниот монашки и северозападниот гостински конак. Сите наведени параметри се во склад со претходниот содржински распоред и функции што конаците ги поседувале пред опожарувањето од 04.02.2012 г. Проектната програма ја наложи и потребата од дополнително преструктуирање и докомплетирање на функциите на манастирските конаци со што ќе се овозможат вистинските потреби на монашката заедница, потребите на верниците, како и на сите останати добронамерни посетители на манастирот.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment