Заврши истрагата за пожарот во манастирот Трескавец


По една година од катастрофалниот пожар во манастирот Трескавец заврши истрагата за трагичниот настан.

Од денеска случајот е во надлежност на јавното обвинителство.

Според Жарко Велески, портпаролот на судот во Прилеп, сите извршени вештачења потврдиле дека пожарот избувнал во гостинската соба број шест од искри од огништето.

„Дваесетина часа по заминувањето на последните гости во манастирот наталожен жар што тлеел оти немал доволно кислород развил висока температура. Искрите од жарот го зафатиле дрвениот ѕид од ламперијата и пожарот се пренел и ги зафатил конаците. Тие целосно изгореа лани на 4 февруари. На потег е обвинителството“, вели Велески.

Од Обвинителството кратко информираат дека најдоцна за една седмица ќе се изјаснат за случајот.

Прилепскиот завод и музеј подготви обемен проект за обнова на изгорените конаци. Во меѓувреме, Владата и сите заинтересирани во државата се вклучија во акцијата за донирање и обнова на манастирските конаци. Се очекува санацијата на манастирот да почне пролетва.

No comments:

Post a Comment